Проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која

31 август 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими во проштална средба, шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата претседателот искажа благодарност за поддршката и активностите на Мисијата, како и за ангажманот на амбасадорот Која во изминатиот период.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во земјава, текот на евроинтеграциските процеси во Северна Македонија, како и за активностите на Мисијата на ОБСЕ.

Во таа насока, беше посочено дека ОБСЕ има значајна улога во поддршката на македонските институции, градење на демократските капацитети и во исполнувањето на реформската агенда во сите витални области, како унапредување на човековите права и анти-дискриминацијата, судството, слободата на медиумите, јакнење на безбедноста и мониторингот врз изборниот процес.

Претседателот Пендаровски изрази подготвеност за продолжување и унапредување на севкупната соработка со ОБСЕ во периодот што следи и ги поздрави напорите на Мисијата која годинава одбележува 30 години од постоењето во Северна Македонија како најстара теренска мисија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...