Проштална средба на претседателот Пендаровски со унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс

21 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи, актуелните состојби во регионот, соработката во рамки на НАТО, како и за последните случувања поврзани со нашата евроинтеграција.

Претседателот Пендаровски ја поздрави континуираната соработка со Унгарија, посочувајќи дека Република Северна Македонија високо ја цени унгарската поддршка за добивање на датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, како и подготвеноста за споделување на експертски искуства. Тој посочи дека за долгорочна стабилност и безбедност на регионот, а во контекст на новите геополитички околности, деблокадата на македонските евроинтеграции и неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ се исклучително важни.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за дипломатскиот ангажман и посветеност на амбасадорот  Ласло Иштван Дукс и неговиот придонес за унапредување на македонско-унгарските односи и му посака понатамошен успех на личен и на професионален план.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...