Промоција на публикацијата „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“

15 мај 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоција на публикацијата насловена „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“, подготвена од страна на канцеларијата на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Скопје, преку Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

Публикацијата содржи тринаесет авторски трудови на тема солидарност и е изработена по повод одбележувањето на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, со цел поттикнување на јавната дискусија околу важноста на солидарноста во развојните цели и градењето на отпорни општества.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање го потенцираше значењето на солидарноста истакнувајќи дека само обединет, солидарен и отворен свет може да одговори соодветно на глобалните предизвици кои стануваат сè покомплексни и за жал, сè поопасни.

„Наша обврска кон сегашните и идни генерации е да поставиме соодветни услови за напредок и развој и низ сопствени примери да етаблираме морални вредности врз кои е единствено можен подобар свет“, истакна претседателот Пендаровски.

„Пред шест децении,  тогашниот свет, целосно идеолошки поделен, се сплоти во поддршката на еден град разурнат од огромна природна катастрофа, и на дело го покажа значењето на интернационалната солидарност и целисходноста од постоењето на Обединетите нации и системот на поддршка кој тие го имаат. Свежи во сеќавањата ни се и последните примери со разорните земјотреси во Турција и Сирија и важноста на солидарноста што во таа прилика повторно ја покажа светот, но, и бројни држави, невладини организации и совесни поединци. Без солидарност многу потешко ќе ја пребродевме и Ковид пандемијата, само врз база на солидарност може да се решава прашањето на климатските проблеми, како и многу други комплексни предизвици што го мачат човештвото“, рече во обраќањето претседателот Пендаровски.

На настанот се обратија Марина Валтер, заменичка на регионалната директорка на УНДП за Европа и Централна Азија, Владимир Десков, ко-автор на есејот „Изградба на градот на солидарноста“, кој се осврна на пост-земјотресната обнова на Скопје од архитектонски аспект и Ненад Марковиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), кој ги образложи темите, целта и подготовката на публикацијата.

„Драго ми е што УНДП го предводи процесот за одбележувањето на 60 години од земјотресот во Скопје со серија настани како овој денеска, со Претседателот на државата. Она што нè дефинира како цивилизација во клучни моменти, кога го даваме најдоброто од нас е солидарноста. Скопје, градот на солидарноста го знае тоа најдобро. Во публикацијата што ја презентираме денеска изработена од активисти, експерти, студенти, професори и млади луѓе, не само што се нагласува важноста на солидарноста од повеќе аспекти, туку и се отвора една визија за иднината, како да се продолжи напред“, изјави Марина Валтер, заменичка на регионалната директорка на УНДП.

Во рамки на настанот, на авторите на публикацијата им беа врачени благодарници од страна на Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП во земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...