Претседателот Пендаровски го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани

21 јануари 2021 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар во Република Северна Македонија, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани.

На средбата беа разменети мислења за текот и динамиката во развојот на билатералните односи меѓу двете земји и беше реафирмиран интересот за натамошно унапредување на односите со Катар во сите сфери од заеднички интерес.

Во таа насока, беа разгледани можностите за искористување на економските потенцијали со кои располагаат двете земји, интензивирање на бизнис релациите и можноста за реализација на странски инвестиции во земјава.

Претседателот Пендаровски ја посочи потребата од унапредување на договорната рамка и заокружување на билатералните договори за соработка, како и неопходноста од натамошно олеснување на визниот режим.

Претседателот Пендаровски и вршителот на должност, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани разменија мислења и за предизвиците кои произлегуваат од справувањето со пандемијата на Ковид-19, како и за последиците од актуелната состојба на глобално ниво. Во таа насока, претседателот изрази благодарност за донацијата од Државата Катар во справувањето со Ковид-19 и изрази очекување за натамошна соработка во областа на здравството.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...