Работна средба со експерти од областа на економијата со цел финализирање на МКД2030

27 април 2022 | Соопштенија

Денеска во Кабинетот на претседателот се одржа работна средба со експерти од областа на економијата и финансиите со цел финализирање на Рамката за развој МКД2030, што се изготвува на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

Имајќи предвид дека МКД2030 ја креираме преку отворен и транспарентен процес, посочи претседателот Пендаровски, особено е важно мислењето, сугестиите и консултациите со повеќе општествени чинители, а со цел изготвување на одржливи и квалитетни решенија за развојот и иднината на земјата.

„Рамката за развој е во нацрт-верзија и во таа насока би го ценеле придонесот на сите вас како истакнати експерти во областа на јавните финансии, економијата и бизнисот. Некои од вас го имаат искуството од управување со јавни финансии, а други, искуството од реалниот сектор” истакна претседателот Пендаровски на работната средба.

Тој потенцираше дека стратешкото планирање ѝ е потребно на земјава не само како дел од законските обврски кои ги имаат државните институции, туку и како процес кој ќе има широк општествен консензус и ќе не обедини околу заедничка визија.

„Целта е во МКД2030 да ги утврдиме приоритетите во кои треба да инвестираме и каде да ги насочиме нашите ресурси. Нам ни е потребен фокус за иднината, за да оствариме напредок и да овозможиме подобар живот за граѓаните“, рече претседателот на работната средба.

Денешната работна средба е дел од финалните консултации со истакнати стручни лица од земјава и странство. Досега беа реализирани работни средби со претставници од бизнис секторот, академската заедница, граѓански и меѓународни организации и истакнати професионалци од повеќе области.

Воедно, сите граѓани имаат можност преку интернет страницата www.mkd2030.mk директно да партиципираат и да дадат свој придонес во изработката на стратешкиот документ.

Рамката за развој МКД2030 официјално ќе биде промовирана во средината на годинава.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...