Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ во Радовиш

25 октомври 2023 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, денеска беше во Општина Радовиш.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски се сретна со претставници на Здружението на инвалиди на трудот. Претседателот на здружението Васко Василев го запозна претседателот Пендаровски со нивните активности околу организирање и учество на републички и регионални спортски игри за трудови инвалиди. Во оваа насока, претседателот Пендаровски им честиташе за шесте последователни пехари кои Здружението на инвалиди на трудот од Радовиш како државен првак ги освоило на Републичките спортски игри. Василев и претседателот Пендаровски поразговараа и за нивното барање за одвојување од останатите пензионери, како и за финансиските проблеми на здружение коешто постои повеќе од 30 години и обединува околу 400 инвалиди на трудот.

Во Радовиш, претседателот Пендаровски го посети средношколецот Матеј Цветковски, кој ги претстави неговите два извонредни концепти за видеоигра на тема „Заштита на животната средина“ кои две години по ред, во 2021 и 2022, се првонаградени во рамки на проектот „Видео игротека“, што го организираат Министерство за култура и УНПАКИ, со цел подигнување на еколошката свест кај младите и промовирање на етички кодекс кон природата. Во разговорот, Матеј го запозна претседателот со неговите планови и амбиции за понатамошното образование, како и со неговите досегашни резултати и успеси во областа на математиката, информатичките и природните науки и уметноста.

При посетата на Радовиш, претседателот Пендаровски оствари средба со граѓани и појде во домот на Бота Хаџи Илиева. Со радовишани претседателот Пендаровски поразговара за секојдневниот живот, го слушна нивното мислење за актуелните случувања, како и за предизвиците со коишто се соочуваат на локално ниво.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...