Ѓоргиевска – Зеленска: Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува и да ѝ помага на Украина

26 август 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, денеска оствари видео разговор со сопругата на украинскиот претседател, Олена Зеленска.

Ѓоргиевска ја реафирмираше поддршката од Северна Македонија и потенцираше дека државата ќе направи сè што е во нејзина моќ со цел помош на Украина во различни области, почнувајќи од прифаќањето бегалци, хуманитарна помош, како што веќе се реализира со Црвениот крст, како и помош во воена опрема.

„Ќе направиме сè што е во наша моќ. Образованието е еден од најважните сегменти и ќе продолжиме да обезбедуваме соодветна интеграција на украинските деца бегалци во образовниот систем“, посочи Ѓоргиевска. Во таа насока, сопругата на Претседателот потенцираше дека Северна Македонија е подготвена за обезбедување на соодветна здравствена и социјална помош за ранливите категории на бегалци, за лицата со попреченост, како и за студентите и новинарите. Во тој контекст, земјава веќе има обезбедено 15 места за прифаќање на деца со онколошки проблеми од Украина, додаде Ѓоргиевска во разговорот со Зеленска.

Ѓоргиевска изрази надеж дека кризата во Украина ќе биде надмината час поскоро, и украинските бегалци безбедно ќе се вратат во своите домови, дека државата ќе може да се посвети на својот повторен развој и обнова, и ќе продолжиме со унапредување на нашите меѓусебни односи и соработка.

Ѓоргиевска и Зеленска разменија информации за продолжување на натамошната соработка во однос на реализација на хуманитарни и социјални проекти, со цел надминување на кризата во Украина, како и за можноста за печатење на книги и учебници за децата бегалци, и помош во обезбедување на амбулантни возила.

Првата дама на Украина, во разговорот се заблагодари на сопругата на претседателот Пендаровски за севкупната досегашна поддршка од Северна Македонија, од политички, воен и хуманитарен аспект и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

Зеленска упати благодарност за учеството на Ѓоргиевска на Вториот самит на првите дами и господа, што се одржа минатиот месец на тема „Украина и светот: Иднината која (повторно) ја градиме заеднички“, и кој беше посветен на повоена обнова на Украина и обновување на човековиот потенцијал.

На Вториот самит првите дами и господа, чиј домаќин беше Зеленска, учествуваа 23 први дами од светот и педесетина влијателни личности, лидери на држави и претставници на меѓународни организации, а беа донирани средства за повоена обнова на Украина, помош на украинскиот народ и обнова на човековиот потенцијал.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...