Претседателот Пендаровски се обрати по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во ЈИЕ

6 септември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на свечениот прием по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во Југоисточна Европа, чиј домаќин е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски им посака успешна работа на учесниците и позитивни резултати од конференцијата, посочувајќи дека сузбивањето и борбата против дискриминацијата претставуваат предизвик не само за нашата држава и регион, туку и за многу поразвиени општества и демократии.

„Како што формите и опфатот на дискриминација, за жал, постојано се прошируваат, така се наметнува и потребата од прилагодување на националните законодавства, прифаќање на добрите практики  и професионален пристап на сите надлежни институции и организации, со цел, да се обезбеди ефективно спроведување на принципот на еднаквост во буквално сите области од општественото живеење“, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски.

Тој посочи дека овие регионални конференции претставуваат можност за размена на добрите практики и споделување на корисни идеи и искуства помеѓу националните механизми за заштита на човековите права и телата за еднаквост, а со цел да ја подобриме работата на сите фактори во овој сегмент.

Претседателот потенцираше дека во оваа прилика е добро да потсетиме дека Северна Македонија изминативе години направи голем исчекор на ова поле, и легислативен, и практичен.

„За успешна борба против дискриминацијата, неопходно е да имаме независни тела, кои ќе имаат знаење и капацитет да се справат со обврските, а тоа значи, доследно да се имплементираат законските одредби за заштита на човековите права. Тоа понатаму значи, координирано и навремено реагирање заради превенирање и санкционирање на сите форми на дискриминација.Во оваа прилика, сакам јавно да повторам дека ќе продолжам целосно да ги поддржувам напорите на Комисијата, особено во насока на подигање на јавната свест, информирање и едукација на граѓаните за сите видови на дискриминација со кои тие се соочуваат“, рече претседателот Пендаровски и изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која во континуитет ги поддржува активностите во овој важен сегмент, преку поддршка и јакнење на националните механизми за антидискриминација.

Неодамна, Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпишаа Меморандум за соработка, со цел преземање на координирани активности за промоција на заштитата и обезбедување на целосно и еднакво уживање на човековите права и основни слободи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Почитуван Претседател на Генералното собрание, Почитувани шефови на држави и на влади, Почитуван Генерален секретар, Дами и господа, Ми причинува особена чест и големо задоволство, во име на граѓаните на Република Северна Македонија, да се обратам од говорницата на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Стево Пендаровски вчера во Њујорк оствари билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол. На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за...

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера го посети Њу Џерси. Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, претседателот Пендаровски го...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 22 септември 2023 година, петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на...