Претседателот Пендаровски во Малме се обрати на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот „Запомни – Реагирај“

13 октомври 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Малме, Кралството Шведска, се обрати на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот “REMEMBER – REACT” (Запомни – Реагирај), на сесијата „Зачувување на сведоштва и развој на образование за иднината“.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски потсети на трагичната судбина на македонските Евреи, и, како што рече, ѕверствата што се случиле на територијата на денешна Република Северна Македонија во Втората Светска Војна за кои светот треба повеќе да знае.

„7.144 Евреи беа однесени од територијата на денешна Република Северна Македонија во Треблинка. Сите беа убиени таму. Тоа е 98 отсто од целата еврејска популација што живееше во тој регион, во тој дел на Балканот во тоа време. Говорам за 1943 година, кога сите овие луѓе биле земени од нивните домови. Според некои релевантни историски извори тоа е, за жал, највисокиот процент во Европа на еврејско население што било земено и убиено во концентрационите логори“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски потсети дека во спомен на сите тие луѓе, во 2011 година во Скопје е изграден Меморијален центар на Холокаустот и истакна дека досега илјадници луѓе го посетиле и се запознале за злосторствата сторени од нацистичка Германија и од нивните тогашни сојузници. Претседателот Пендаровски на форумот најави дека нашата држава одлучи да направи уште неколку заложби во блиска иднина.

„Ќе го зголемиме обемот на часовите за Холокаустот и антисемитизмот во завршните одделенија во основното образование и ќе направиме да станат задолжителни, второ – ќе направиме задолжителни посети на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје од страна на сите деца, ученици од основното и средното образование и третата заложба е дека нашата Влада ја има веќе усвоено работната дефиниција за антициганизмот и дискриминацијата кон Ромите“, рече претседателот Пендаровски во своето обраќање на форумот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...