Официјална посета на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, на Република Северна Македонија

25 април 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 26 април 2023 година, среда, ќе биде домаќин на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателката Османи-Садриу ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Османи-Садриу и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Косово.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

ПРОГРАМА: среда, 26 април 2023 година

  • 10:00 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести
  • 10:15 часот – Тет-а-тет средба
  • 10:30 часот – Пленарен состанок на делегациите
  • 11:20 часот – Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Османи – Садриу.

Ги покануваме акредитираните медиумски екипи во Кабинетот на претседателот во 09:00 часот.

Официјалната церемонија на пречек и заедничката прес-конференција се отворени за сите акредитирани медиуми, а ќе бидат пренесувани во живо и на дигиталните платформи на претседателот Пендаровски (Фејсбук и Јутјуб).

  • 12:00 часот (црква „Св. Спас“) – Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев.

Ги покануваме акредитираните сниматели и фоторепортери во црквата „Св. Спас“ во 11:40 часот.

За време на официјалната посета, косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

За сите дополнителни прашања и информации, претставниците на медиумите може да се обратат на Билјана Радева +389 76 45 55 45 [email protected]

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...