Претседателот Пендаровски го прими Раде Христовски, гувернер на Ротари Дистрикт 1912

18 април 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Раде Христовски, гувернер на Ротари Дистрикт 1912.

Христовски го информираше Претседателот за тековните активности и идните планови во насока на реализација на проекти од важност за заедницата, како и за меѓународната соработка што ја остваруваат.

Претседателот Пендаровски упати честитки до Христовски како прв Македонец, гувернер на Ротари Дистрикт 1912, со што се остварува долгогодишниот стремеж на ротаријанците од нашата држава да имаат свој Дистрикт и свој гувернер. Претседателот изрази очекување дека оваа функција ќе придонесе за јакнење на ротаријанското движење и неговата улога во рамки на Ротари Интернационал и изрази поддршка на нивните локални и меѓународни проекти.

Ротари Дистриктот 1912 ги обединува сите ротари клубови од Словенија и Северна Македонија. Во Дистрикт 1912 во моментот дејствуваат вкупно 76 ротари клубови и уште 24 клубови на млади ротари.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...