Средба на претседателот Пендаровски со министрите за надворешни работи од форматот Славков

13 јули 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими министрите за надворешни работи на Република Австрија, Чешката Република и Словачката Република – Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, претставници на трилатералната иницијатива формат Славков.

На средбата се разговараше за аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија, состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за постојаната поддршка земјите од форматот Славков по однос на македонските аспирации за членство во Европската Унија и во тој контекст беа разменети мислења за текот на билатералниот скрининг на нашата држава со ЕУ, како и за потребата од измени на уставот што произлегуваат од Преговарачката рамка со ЕУ.

На средбата се разговараше за актуелните состојби на Западен Балкан, при што претседателот Пендаровски истакна дека европската перспектива е еден од важните предуслови за севкупната стабилност, безбедност и демократски развој на регионот. Во таа насока претседателот Пендаровски посочи на потребата ЕУ да го задржи фокусот кон регионот, истакнувајќи дека во време на сериозни безбедносни предизвици на европско тло, повеќе од било кога е важно на проширувањето да не се гледа само како на техничка процедура, туку и како на важна геополитичка алатка на ЕУ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска понуда за граѓаните

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска понуда за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет. Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне...