Средба на претседателот Пендаровски со Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Саудиска Арабија

10 јануари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија.

На средбата беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи кои се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање и беше истакнато дека соработката меѓу двете земји е интензивирана во последните неколку години, што е потврдено со бројни активности на двете страни. Во оваа насока претседателот Пендаровски посочи дека со денешната посета, очекува натамошно зајакнување на парламентарната соработка, што е значаен сегмент од севкупните билатерални односи на двете земји.

Покрај ова, соговорниците разменија мислења и информации за моменталната ситуација на Блискиот Исток, а во контекст на важната позиција на Саудиска Арабија во арапскиот свет. Во оваа насока претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија ја цени улогата на Кралството Саудиска Арабија во напорите за стабилизација во регионот на Блискиот Исток. Истовремено, претседателот Пендаровски нагласи дека за сите безбедносни прашања во Европа, како и на Блискиот Исток и регионот, Северна Македонија е усогласена со позицијата на ЕУ и ги координира своите политики во рамките на ЕУ и со земјите –  партнери во НАТО.

На средбата стана збор и за економската соработка меѓу двете земји, при што претседателот Пендаровски упати честитки за ЕКСПО 2030, што ќе се одржи во Ријад. ЕКСПО 2030, како што истакна претседателот Пендаровски, ќе претставува додадена  вредност во односот меѓу двете пријателски земји, а ќе влијае во македонската економија во различни области како енергетика, туризам, земјоделство и преработка на храна, недвижности, индустрија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...