Изјава на претседателот Пендаровски по 14-та седница на Советот за безбедност

1 февруари 2022 | Соопштенија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа 14-та седница на Советот за безбедност на која се разговараше за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски.

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Денеска ја одржавме 14-та седница на Советот за безбедност, инаку прва во овој нов состав, со двајца нови членови од редовите на оние кои доаѓаат по функција за членови на Советот. Имено, тоа е претседателот на Владата Ковачевски кој доаѓа на место на поранешниот премиер Заев за член на Советот, и министерката за одбрана Петровска која доаѓа на местото на поранешната министерка за одбрана Шекеринска.

Надвор од редовниот состав на Советот, на моја покана, беа присутни и директорите на Агенциите за разузнавање и за национална безбедност, како и началникот на Генералштабот на Армијата.

На седницата дискутиравме за актуелните политички и безбедносни состојби во земјава, во регионот и пошироко во она што го нарекуваме евроатлантска зона на одговорност, со оглед дека сме членка на НАТО Алијансата и беа донесени следните заклучоци:

Членовите на Советот за безбедност констатираа дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија. Надлежните институции редовно ја следат состојбата и ако има потреба се целосно подготвени веднаш да реагираат.

Во однос на состојбите во регионот на Западниот Балкан, Советот заклучи дека со засилената дипломатска активност и поинтензивното присуство на терен на меѓународната заедница во последниов период, тензиите се делумно намалени, тука мислиме, пред сѐ, на Босна и Херцеговина, при што е отворен простор за повторно воспоставување на дијалогот како единствен начин за надминување на проблемите.

На седницата се дискутираше и за тензиите во поширокиот регион, поточно на украинско-руската граница. Имајќи предвид дека станува збор за две држави кои граничат со таканаречената евроатлантска зона на одговорност, Северна Македонија како членка на НАТО беше должна да ги направи, и ги направи, сите неопходни подготовки, повторувам, подготовки, за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвива текот на настаните во наредниот период во тој дел од светот.

Ги поздравуваме дипломатските напори кои се одвиваат на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница со кои им се дава шанса на дијалогот и на преговорите, а не на оружјето и на воинствената реторика. Во тој дел од светот има мали, засега симболични знаци за деескалација на реториката во изминативе неколку денови, но сѐ уште е рано за прогнозирање како ќе се одвиваат настаните понатаму, затоа што во моментов тој дел од светот сеуште останува потенцијално високо ризична зона.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...