Одржана 17-та седница на Советот за безбедност

6 септември 2022 | Соопштенија

Денеска во Кабинетот на претседателот се одржа 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија, Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и советникот на премиерот за енергетика, Виктор Андонов.

По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски изјави дека Советот за безбедност го свикува затоа што смета дека е важно да се слушнат сите надлежни на тема која овој период е далеку најважна и ги засега буквално сите и дека нѐ очекува тешка зима. Претседателот истакна дека нарушената безбедност на европскиот континент поради војната во Украина предизвика тектонски промени и неколку кризи кои се чувствуваат во повеќе сектори.

Претседателот Пендаровски рече дека на седницата на Советот, претставниците на Владата и надлежните институции информирале за анализите и проекциите на Владата за претстојната сезона есен/зима, чекорите кои досега се преземени за справување со ескалираната цена на струјата на светските пазари, зајакнување на домашните капацитети за производство, како и мерките кои ќе се преземат за поддршка на домаќинствата и на бизнис секторот во наредниот период.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...