Средба на претседателот Пендаровски со германскиот канцелар Шолц

29 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба со Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Германија во политичко-безбедносната и одбранбената област, како и за состојбата со македонските евроинтеграции, при што соговорниците ги оценија односите меѓу двете држави како пријателски, исполнети со доверба и заемно почитување.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отпочнувањето на пристапни преговори со ЕУ.

На средбата се разговараше за безбедноста и стабилноста на земјите од Западен Балкан, во контекст на руската инвазија врз Украина. Претседателот Пендаровски ги истакна македонските позиции за руската воена агресија во Украина потврдувајќи ја цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Соговорниците разговараа и за процесот на проширување на НАТО, при што претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија е силно посветена на политиката на отворени врати на Алијансата, а со членството на Финска и Шведска во НАТО дополнително ќе се зајакне безбедноста на Алијансата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер со млади од Претседателскиот центар за политичко образование

Средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер со млади од Претседателскиот центар за политичко образование

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска во Старата чаршија во Скопје остварија средба со Алумни членови на Претседателскиот центар за политичко образование и стипендисти на партнерските...

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер во посета на Старата скопска чаршија

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер во посета на Старата скопска чаршија

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја посетија Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество. [gallery...

Државна вечера во чест на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер

Државна вечера во чест на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер

По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмајер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис...

Претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во...

Пендаровски-Штајнмајер: Германија ќе продолжи да биде нашиот клучен политички и економски партнер

Пендаровски-Штајнмајер: Германија ќе продолжи да биде нашиот клучен политички и економски партнер

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет...