Претседателот Пендаровски се обрати на Самитот за Целите за одржлив развој

18 септември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации, денеска присуствуваше на отворањето на Политичкиот форум на високо ниво за одржлив развој под покровителство на Генералното Собрание и се обрати на лидерскиот дијалог „Зголемување на активностите на клучните транзиции за да се забрза напредокот на Целите за одржлив развој“.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека со поддршка на агенциите на ОН и донаторска поддршка, постигнавме напредок во постигнувањето на Целите за одржлив развој и државата утврди три главни национални обврски: инвестирање во развивање на вештините за иднината како предуслов за економски раст, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија за поддршка на климатската акција и енергетската одржливост и усвојување на Националната развојна стратегија, која заедно со Рамката за развој МКД2030 треба да ги рационализира сите Цели за одржлив развој во македонското општество.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани екселенции,

Пред седум години ги усвоивме Целите за одржлив развој како глобален план за побезбеден свет. Оттогаш, светот е сè само не безбеден, особено за сиромашните и ранливите. Повеќекратните кризи ја зголемија нееднаквоста и сиромаштијата и ја забавија зелената транзиција.

Екстремните временски услови зачестија и станаа посмртоносни.

Акумулираните ризици и кризи на денешницата се само предзнак на иднината што го чека нашиот свет доколку навреме не ги спроведеме Целите за одржлив развој. Само со смели, амбициозни и праведни постапки можеме да избегнеме такво сценарио.

Северна Македонија ја усвои Рамката за соработка за одржлив развој 2021-2025 година. Со поддршка на агенциите на ОН и донаторска поддршка, постигнавме напредок во постигнувањето на Целите за одржлив развој и утврдивме три главни национални обврски.

Прво, инвестирање во развивање на вештините за иднината како предуслов за економски раст. За ова ни е потребно образование приспособено на потребите на пазарот на трудот, намалување на родовиот јаз во областите на СТЕМ и создавање работни места за младата, дигитална генерација.

Второ, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија за поддршка на климатската акција и енергетската одржливост во согласност со зајакнатите национално-определени придонеси, Националната стратегија за енергетски развој и Долгорочната стратегија за климатска акција.

Трето, усвојување на Националната развојна стратегија, која заедно со Рамката за развој МКД2030 треба да ги рационализира сите Цели за одржлив развој во македонското општество преку градење консензус кој ги надминува етничките, верските, генерациските и политичките разлики.

Доброто владеење, владеењето на правото и антикорупцијата се клучни за оваа цел.

Со исполнување на овие заложби ќе постигнеме три цели.

Прво, ќе придонесеме за побезбедна и поодржлива планета.

Второ, ќе спроведеме 70% од критериумите за членство во Европската Унија. Нашата европска иднина во суштина е заснована на одржлив развој.

Трето, ќе се справиме со нашиот најитен предизвик – масовното иселување на младите луѓе. Успехот на нашите заложби за Целите за одржлив развој за создавање праведно, инклузивно и издржливо општество ќе се мери со подготвеноста на нашите млади луѓе да ја замислат својата иднина во својата татковина.

Не смееме да си дозволиме да чекаме поповолни услови за спроведување на Целите за одржлив развој. И нема да чекаме!

Мора да го направиме – во името на сегашните и идните генерации.

Ви благодарам за вниманието.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски...