Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации, денеска попладне по македонско време ќе присуствува на отворањето на Политичкиот форум на високо ниво за одржлив развој под покровителство на Генералното Собрание и ќе се обрати на лидерскиот дијалог „Зголемување на активностите на клучните транзиции за да се забрза напредокот на Целите за одржлив развој“.
Самитот за одржлив развој може да се следи преку дигиталните платформи на Обединетите нации https://media.un.org/en/webtv/schedule