Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

28 септември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.
 
На средбата беа разменети мислења за целите и приоритетите насочени кон демократизацијата на македонското општество, човековите права и владеењето на правото. Реафирмирајќи ја посветеноста за натамошна конструктивна соработка со Советот на Европа, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од континураната поддршка за нашето целосно усогласување со европските стандарди и вредности.
 
Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста од кредибилно постапување на Европската Унија во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан кога напредокот на поединечните кандидати е евидентно заслужен. Таа се осврна и на неопходното обезбедување усогласеност со обврските што земјите-членки ги презеле, вклучително и правилното спроведување на пресудите на Судот во Стразбур.
 
Соговорниците разговараа и за актуелните безбедносни состојби во Европа, со акцент на војната во Украина, како и за потребата од посветеност и заеднички пристап кон сегашните и идните предизвици какви што се влијанието на новите технологии и климатските промени врз човечките ресурси.
 
На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до новоизбраниот генерален секретар на Советот на Европа, Алан Берсе, изразувајќи искрени желби за успешно исполнување на важната мисија и продолжување на плодната соработка со македонските институции.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Осумдесетгодишнината на ДЛУМ говори за огромното значење на уметноста за новосоздадената македонска држава

Сиљановска-Давкова: Осумдесетгодишнината на ДЛУМ говори за огромното значење на уметноста за новосоздадената македонска држава

„Биеналниот „Зимски салон 2026“ е резултат на внимателно осмислениот концепт, што цели да обедини на едно место различни генерации сликари, со различни ракописи, насликани за различни генерации  набљудувачи, сите гладни за уметност“, порача претседателката Гордана...

Сиљановска-Давкова на презентација на проектот Skills4Justice: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни

Сиљановска-Давкова на презентација на проектот Skills4Justice: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни

Претседателката Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа...

Сиљановска-Давкова положи венец со свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателот Борис Трајковски и на членовите на делегацијата

Сиљановска-Давкова положи венец со свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателот Борис Трајковски и на членовите на делегацијата

Дваесет и две години по трагедијата, со длабока тага оддаваме почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација чии животи згаснаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина. Претседателот...

Повик за акредитирање – Официјална посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Повик за акредитирање – Официјална посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Ве известуваме дека на 3 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 2 март 2026 година,...

Официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

Официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 27 февруари 2026 година, петок, ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Албанскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и...