Претседателот Пендаровски во посета на Црвениот крст

6 јули 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски на покана на Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска присуствуваше на седница на Раководниот одбор на Црвениот крст, на која се дискутираше за развојот на волонтерството во земјата и беше презентиран процесот „Трансформација 28“, како развојна рамка на организацијата во наредниот петгодишен период.

Претседателот Пендаровски беше информиран со тековните активности на Црвениот крст, за нивните препораки со цел унапредување на законските решенија во однос на волонтерството, како и за неопходноста од изноѓање на нови, креативни форми и содржини со цел поттикнување и мобилизирање на волонтерите.

Претседателот истакна дека е важно да се задржи нивото на мотивација кај волонтерите и во периоди кога не се соочуваме со кризни ситуации, како што беше случај со пандемијата, потенцирајќи дека нема подобра мотивација за поттик на волонтерството од давањето на практични и лични примери. Воедно, посочи на важноста и користа од застапеност на различни генерациски структури во волонтерските редови.  Тој уште еднаш изрази благодарност до сите волонтери за нивната пожртвуваност и посветеност, охрабрувајќи ги и понатаму да продолжат да придонесуваат за добросостојбата во нашето општество и во интерес на целните групи кои ги опслужуваат.

Во разговорот со членовите на Раководниот одбор, претседателот го поздрави процесот „Трансформација 28“, посочувајќи дека истиот претставува исчекор во развојот, делувањето и прилагодувањето на Црвениот крст, со цел ефикасно и прогресивно функционирање и соодветно и навремено задоволување на потребите на заедницата.

Генералниот секретар на Црвен Крст, Саит Саити, изрази благодарност до претседателот Пендаровски на соработката и континуираната поддршката на активностите на организацијата, како и за неговиот ангажман за имплементација на хуманитарните заложби на Црвен Крст на Република Северна Македонија.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...