Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците во програмата „Млади менаџери и деловни лидери“

2 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги додели сертификатите на учесниците во програмата „Млади менаџери и деловни лидери“ што беше организирана од Советот на странски инвеститори, а под покровителство на Кабинетот на претседателот на Република Сeверна Македонија.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитуван претседател на Советот на странски инвеститори,
Ценети членови на Советот на странски инвеститори,
Почитувани млади менаџери,
Дами и господа,
Драги пријатели,

Имам особена чест и задоволство да ви се обратам на завршната церемонија на програмата за млади менаџери и деловни лидери којa под покровителство на претседателот, се реализира од страна на Советот на странски инвеститори и им овозможува на талентирани, млади луѓе до 29 годишна возраст, практично искуство во компаниите кои се членки на Советот.

Благодарение на оваа програма, од јануари до крајот на мај годинава, 32 млади наши сограѓани, преку низа од обуки се стекнаа со вештини и знаења неопходни за нивниот понатамошен професионален развој. Обуките беа спроведени во 18 компании кои се членки на Советот на странски инвеститори. Се радувам што од година во година бројот на компаниите заинтересирани да учествуваат во програмата драстично се зголемува. Така што, ако лани имавме 8, сега имаме 18 компании учесници во програмата. Ставајќи се на располагање на младите менаџери и бизнис лидери овие стопански субјекти направија извонредно значаен општествено одговорен чекор. Искажувам голема благодарност за нивниот интерес!

Паралелно со бројот на компаниите се зголемува и бројот на кандидати кои аплицираат за програмата и навистина е се потешко да се направи селекција на најдобрите. Впрочем, фактот што четири од учесниците во програмата добија вработување во компаниите каде што ја реализираа програмата говори за двостраниот бенефит.

Очекувам и посакувам овие бројки секоја година да продолжат да растат. Едноставно затоа што полза од тоа имаат и младите менаџери и компаниите. Убеден сум дека ваквите програми суштински придонесуваат за дополнителна мотивација на младите професионалци својата кариера да ја градат во својата татковина. Тие се идните креатори на процесите кои треба да доведат до етабилирање на систем на чиј што врв ќе бидат квалитетот, посветеноста, професионалноста и моралните вредности. Тоа е предуслов да дојдеме до просперитетна, модерна и развиена Република Северна Македонија што е несомнено заеднички интерес на сите наши граѓани и на бизнис заедницата.

Во овој контекст би сакал да ја споменам и изработката на стратешкиот документ МКД 2030 во која свое учество имаше и Советот за странски инвестиции. Имено во него покрај дигитализацијата, децентрализацијата, еколошките, економските, аграрните и здравствените политики, значајно место заземаат и образованието и науката, при што, клучни се анти-миграциските политики и отворањето на перспективи за останување на младите во својата земја.

Почитувани,

Би сакал да го искористам моето денешно обраќање да потенцирам дека програмата за млади менаџери и деловни лидери недвосмислено се покажа како извонредна можност за инволвирање и опфат на различен образовен профил на амбициозни млади луѓе кои имаат желба за квалитетен професионален исчекор.  Не се сомневам дека сите кои беа дел од програмата ќе продолжат да градат успешни кариери и целосно да го реализираат својот потенцијал. Истото важи и за оние кои аплицираа, а не беа меѓу селектираните оваа година, како резултат на големиот интерес и високиот квалитет и конкуренција. Во оваа прилика ги охрабрувам да аплицираат и наредната година. Секако не само на оваа, туку и на други слични програми и проекти кои овозможуваат стекнување на знаење, вештини и искуство.

На крајот, дозволете уште еднаш да им се заблагодарам на Советот за странски инвестиции и на нејзиниот претседател Штефан Петер за интересот и одличната соработка, на сите компании учеснички да им посакам успех во бизнисот, а на младите менаџери и лидери, здравје, среќа и секако, успешен професионален развој и кариера.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...