Доделени сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

17 јули 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на второто издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“ одржан под негово покровителство, со цел стекнување, надградување и размена на високотехнолошките вештини кај млади луѓе од земјава и дијаспората, како и поттикнување на интересот за СТЕМ учењето, особено кај лица од социо-економски ранливи семејства.

Учесниците на возраст од 10-15 години, за време на еднонеделната наставна програма реализирана од предавачи на СТЕМ, со современи, високоефективни методи на настава и учење имаа можност да ги надградат своите вештини за кодирање и роботика и низ тимска работа да ги разменуваат своите идеи и стекнати искуства. Освен образовната компонента, кампот и годинава им овозможи на учесниците да се вмрежуваат воспоставувајќи нови пријателства, да ги истражуваат локалните природни убавини, нашето културно наследство и традиција.

Учесниците пред претседателот Пендаровски ги презентираа своите проекти во областа на роботиката, реализирани во кампот за високо-технолошка извонредност.

Претседателот Пендаровски честитајќи им на учесниците за  завршената програма, им посака натамошен успех и изрази увереност дека стекнатите пријателства и искуства ќе бидат значаен придонес врз нивниот натамошен личен развој. Во таа насока упати благодарност до организаторите и поддржувачите за одличната реализација на второто издание на кампот, мотивирајќи ги младите да размислуваат креативно и постојано да се стремат кон нови подвизи.

Програмата се одржува во организација на Македонија 2025, а во партнерство со американската амбасада во Скопје, МАСИТ, Brainster, Млади Инженери, iSourse, Охридско лето, Алкалоид, Костал, itLabs, Винчини, Бар&Брекфаст и други индивидуални поддржувачи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата – 20 Mарт, ја упати следната порака: Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на Франкофонијата. За Република Северна Македонија, членството во Меѓународната организација на Франкофонијата е...

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. Претседателот Пендаровски утре – 21 март 2023 година, вторник, во седиштето на...