Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

27 март 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија.

На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски и светски првенства во нашата држава, како и за важноста од продуцирање на соодветно обучен кадар за развој и поддршка на шахот. Нагласувајќи ги придобивките од афирмацијата на овој спорт кај младите, претставниите на ШФМ ги споделија досегашните искуства од реализацијата на проектот „Шах во училиштата“, кој како што истакнаа, е високо оценет и од Светската Шаховска Организација (FIDE). Денешната посета беше можност претседателот Пендаровски, на партија шах, да поразговара и со 8 годишната Нина Миновска, ученичка во ООУ „Киро Глигоров“, која го изучува шахот како изборен предмет и со 15 годишниот Антон Златков, шампион во сите категории и член на младинската репрезентација кој ги сподели постигнатите успеси. Претседателот им порача на младите шахисти да го негуваат својот талент, посакувајќи им големи шаховски достигнувања во иднина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...