Претседателот Пендаровски во посета на Штип во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

29 ноември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во посета на Штип во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“.

Претседателот Пендаровски ја посети касарната „Јане Сандански“ каде присуствуваше на презентација на показна вежба: Tактики, техники и процедури на движење на пешадиско одделение во населено место, изведена од 3. вод на 1. пешадиска чета под команда на поручник Неда Волчева.

Во Касарната, претседателот Пендаровски имаше можност да поразговара и со претпоставените старешини коишто го информираа за условите за работа на припадниците на Армијата и нивните тековни активности. На средбата, на која присуствуваа и командирите на одделенија од единицата на армијата на САД за советување и поддршка во обуката на нашата НАТО декларирана единица, стана збор и за нејзиното оценување кое треба да се случи во месец април 2022 година.

Претседателот Пендаровски поразговара и со поручник Неда Волчева, командир на 3. вод на 1. пешадиска чета. Говорејќи за нејзините професионални ангажмани и одговорности, како и за предизвиците како жена, Волчева истакна дека преку својот личен пример докажува дека и жените се подеднакво подготвени да бидат дел од Армијата.

За време на посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип, претседателот Пендаровски беше придружуван од Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Претседателот Пендаровски, во рамки на посетата на Штип го посети и подрачното одделение на Државниот архив на Република Северна Македонија, кое има надлежност врз повеќе општини од тој регион. Вработените го запознаа Претседателот за содржината на материјалите во ова одделение кое располага со 523 фонда и 22 збирки и притоа информираа дека најстарите документи датираат од 1895 година, а како главен дел, го посочија материјалот создаден по 1944 година.

Во депото на подрачното одделение во Штип, на претседателот Пендаровски му беа презентирани неколку оригинални документи меѓу кои беа две свидетелства потпишани од Гоце Делчев во училиштето во Ново Село – Штип, молба за упис на филозофски факултет на народниот херој Ванчо Прќе, првата радио вест за ослободување на Штип, диплома на првиот лекар-хирург во Штип, како и документи – тапии за имот од Османлискиот период.

Претседателот Пендаровски во спортската сала „Јордан Мијалков“ – Штип, се сретна и со македонскиот каратист Емил Павлов, кој освои сребрен медал на светското првенство одржано во Дубаи. Честитајќи му го на Павлов извонредното постигнување, претседателот Пендаровски рече дека со посветеност и континуирано вложување, нема недостижни цели.

Емил Павлов е двократен европски првак, во Тампере, Финска – 2014 година и во Нови Сад, Србија – 2018 година. Државен првак во Северна Македонија бил 11 пати.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...