Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар

13 јуни 2023 | Соопштенија

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Пирц Мусар одржаа заедничка прес-конференција.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски.

Почитувана претседателке Наташа Пирц Мусар,
Почитувани претставници на медиумите,

Чест и задоволство ми е што денес сум домаќин на претседателката на Република Словенија, наша пријателска земја со која немаме отворени прашања, а меѓусебните односи се базирани на традиционално пријателство и долгогодишна соработка и поддршка и на политички и на економски план.

Со Словенија нѐ поврзува заедничкото минато како дел од поранешната држава, денес сме заедно сојузници во НАТО Алијансата, а, уверен сум дека имаме и заедничка иднина како дел од Европската Унија.

Она што посебно радува е интензивниот политички дијалог на високо ниво меѓу двете држави што е потврда за меѓусебната почит и разбирање, онака како што и доликува на две европски држави. Очекувам дека со претседателката Пирц Мусар ќе ја продолжиме таа традиција и ќе имаме успешна соработка.

На нашата прва средба имавме конструктивен разговор за билатералната соработка и економските релации меѓу нашите земји, а значајно време посветивме и на македонските евроинтеграции и состојбите во регионот и генерално на европскиот континент.

Република Словенија е наш важен партнер при имплементација на европските реформи со години наназад. Од словенечката претседателка добив уверување дека оваа поддршка ќе продолжи и дека со експертска и со политичка поддршка Словенија ќе остане да биде промотор на македонската европска интеграција.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на Словенија за таа поддршка, како и за поддршката што ја дава за членство на земјите од целиот регион на Западниот Балкан, кој е стратешки приоритет во словенечката надворешно-политичка агенда. Во овој контекст разговаравме и за претстојниот самит на шефови на држави кои се дел од процесот Брдо-Бриони, a, кој треба да се одржи кај нас во првата половина од септември оваа година.

Со претседателката констатиравме дека соработката меѓу нашите две армии и во рамките на НАТО сојузот и билатерално е од исклучително значење, при што разменивме мислења и информации за безбедносните предизвици во регионот и на континентот, наметнати од руската војна против Украина.

Почитувани,

Во однос на економската соработка Словенија е наш значаен трговски партнер и инвеститор со години. Минатата 2022 година вкупната трговска размена изнесуваше над 280 милиони евра, со раст од над 40 милиони евра, споредбено со 2021-та. Економската соработка постојано расте, но, со цел да ја зголемиме стоковната размена на половина милијарда евра годишно, се согласивме дека треба да се продлабочи економската соработка и во областа на услугите и странските директни инвестиции, а, за тоа ни помага фактот дека меѓу македонските и словенечките компании постои долга традиција на соработка и веќе етаблирани искуства и мрежа на контакти.

На крајот, дозволете ми посебно да ја издвојам билатералната соработка во областа на образованието, науката и уметноста. Словенија е една од земјите во рамки на Европската Унија што многу наши млади ја избираат за школување и кариерен развој, а со тоа се продлабочуваат и зајакнуваат врските и меѓу нашите граѓани. Исто така, нашите односи ги збогатуваат и професорите и уметниците кои ги изучуваат и предаваат нашите јазици и остваруваат интензивна научна и културна размена.

Почитувана Наташа,

Уште еднаш ви посакувам добредојде и пријатен престој, и Вам и на вашата делегација.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...