Втор модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

7 мај 2022 | Соопштенија

Викендов се одржува вториот модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ).

Вториот модул на Школата за политики го отворија проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на Претседателот за правни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во Северна Македонија.

Учесниците на Школата за политики во рамки на вториот модул имаат можност да ги унапредат знаењата во областа на парламентарната демократија и претставничкото управување, функционирањето на Собранието на Република Северна Македонија, законодавната постапка и можностите за учество на јавноста во креирање на јавните политики.

Во таа насока, беше одржана панел-дискусија на која учествуваа повеќе пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, координатори на пратенички групи од власта, Јован Митрески од СДСМ, Арбер Адеми од ДУИ и опозицијата, Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ и Артана Ќазими од Алијанса за Албанците, а обраќања на тема „Собранието како темел на парламентарната демократија“ имаа потпретседателот и генералната секретарка на Собранието, Горан Мисовски и Цветанка Иванова.

Со цел приближување на работата на Собранието до младата популација беше одржана и едукативна активност „Имам став!“, во која учесниците ја симулираа работата на законодавниот дом.

Во текот на утрешниот ден, дебатата ќе биде фокусирана на перцепцијата на граѓаните за Собранието, квалитетот на парламентарната дискусија и колку истражувањето на јавното мислење влијание врз јавните политики. Предавање ќе одржи Влора Речица од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, а професорот Александар Љ. Спасов ќе се осврне на политичкиот говор, неговата структура, содржина и изведба.

Целта на тренинзите во рамки на вториот модул е развивање на свеста кај младата популација за придобивките на демократијата, нивно поттикнување и подготовка за општествена и политичка вклученост и критичност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...