Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Стопанската комора на Северозападна Македонија

19 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими делегација на Стопанската комора на Северозападна Македонија, предводена од претседателот на комората, Менди Ќура.

Претседателката Сиљановска-Давкова беше информирана за дведецениската работа на Комората, проблемите и предизвиците со кои се соочува бизнис заедницата, како и за можностите за подобрување на деловното опкружување.

Според претставниците на Комората, нема економски напредок без владеење на правото и беспоштедна битка против корупцијата и елиминирање на сивата економија.

Тие укажаа дека недостатокот на работна сила наместо со увоз на работници од странство, треба да се решава системски, преку промени во образовниот процес со коишто ќе се обезбеди квалификувана домашна работна сила.

Претседателката Сиљановска-Давкова укажа на потребата од инклузивен и транспарентен законодавен процес во којшто ќе бидат вклучени сите засегнати страни, меѓу кои и стопанските комори.

Според неа, и претставници на бизнис секторот треба да учествуваат во меѓудржавните посети.

Претставниците на комората ја поздравија иницијативата на претседателката за формирање Национален совет за соработка со дијаспората и изразија подготвеност за учество во неговата работа.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа истакна дека...

Средба на Сиљановска-Давкова со делегација од Сенатот на Кралството Шпанија

Средба на Сиљановска-Давкова со делегација од Сенатот на Кралството Шпанија

Шпанија е наш важен партнер во НАТО, ООН и ОБСЕ и принципиелен поддржувач на македонските аспирации за членство во ЕУ, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата на Комисијата за надворешна политика од Сенатот на Кралството...

Сиљановска-Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година

Сиљановска-Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година

„Изминативе дваесетина години се создаде почитувана, позната и експонирана заедница од над 300 успешни, реализирани личности, кои се издигнале над индивидуалните кариери и придонеле за општото добро“, оцени претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на доделувањето...

Сиљановска–Давкова му врачи орден на академик Кедев за највисоките образовно-едукативни, научни и алпинистички дострели

Сиљановска–Давкова му врачи орден на академик Кедев за највисоките образовно-едукативни, научни и алпинистички дострели

„За сето она што го направи за медицината, науката, спортот, за меѓународниот углед на нашата земја, но и за македонската демократија, најмалку што можеме да сториме е да му оддадеме признание“, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, истакнувајќи дека има...

Честитка од претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука

Честитка од претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука

Почитувани сограѓани Албанци, Со особена почит ви го честитам 22 Ноември Денот на албанската азбука, празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот напор, културната зрелост и историскиот опит на албанскиот народ. Пред 117 години унифицираната азбука го...