Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија

4 март 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Претставниците на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија го информираа Претседателот за работата и активностите на нивната асоцијација во која членуваат 53 здруженија на пензионери, а со цел заштита и унапредување на заедничките интереси на корисниците на пензија во државата.

Тие ги истакнаа нивните приоритети кои се насочени за поцелосно и единствено залагање за остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите.

Претседателот Пендаровски ги поздрави заложбите на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, ја изрази неговата поддршка за нивната работа и притоа ја истакна грижата на Сојузот кон своите членови, особено за оние со ниски пензии, преку хуманитарни  и волонтерски активности.

На средбата стана збор и за соработката на Сојузот со општините и локалната самоуправа, соработката со други здруженија, невладини организации и фондации, како и со пензионерски асоцијации од други земји.

Во минатата 2021 година, Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија прослави 75 години од пензионерското организирање во нашата држава и по тој повод претставниците на Сојузот му врачија плакета на претседателот Пендаровски во знак на благодарност за поддршката.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...