Претседателот Пендаровски во Стокхолм оствари средби со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА, на Нобеловата фондација и на водечки политички организации и институти

15 октомври 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Кралството Шведска денеска во Стокхолм оствари средби со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА, претставници на Нобеловата фондација, како и на водечките политички организации и институти и тинк – тенк организации.

На средбата со Марие Отесон, заменик генерален директор на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА, претседателот Пендаровски беше запознаен со приоритетите на новата седумгодишна стратегија за реформска соработка на Кралството Шведска за земјите од Западен Балкан. Целта на програмата е доближување на овие земји со Европската Унија и надополнување на активностите на ЕУ фокусирани на основните реформи. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази благодарност до Владата на Кралството Шведска за помошта којашто нашата држава ќе ја добие за унапредување на повеќе области меѓу кои се човековите права, демократија, владеење на правото и родова еднаквост, одржлив еколошки и климатски развој и инклузивен економски развој.

Претставниците на Нобеловата фондација, пак, со претседателот Пендаровски разговараа за активностите од годинешното доделување на Нобеловата награда. Видар Хелгесен, извршен директор на Нобеловата фондација го информираше претседателот Пендаровски за едукативните програми за ученици и наставници чија цел е да послужат како инспирација за идните генерации да се стекнат со знаења и да го разберат и подобрат светот.

На средбата со претставници на водечки политички организации и институти и тинк – тенк организации претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната развојна соработка и поддршка од Кралството Шведска за зајакнување на капацитетите на институциите на Северна Македонија, особено во областа на демократијата и владеењето на правото.

Претседателот Пендаровски, исто така, ја нагласи и улогата на шведските политички фондации, институти и тинк – тенк организации во институционалниот развој и внатрешната демократизација на политичките партии и политичкото образование.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

Во посета на Кабинетот на претседателот денеска беа учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) која се имплементира од Младинскиот отворен форум од нашата земја во соработка со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од...

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можноста за унапредување на соработката во сите...

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“. Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, претседателот Пендаровски проследи настап на училишниот оркестар што го освои првото место на...

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје

Претседателот Пендаровски денеска го посети здружението на лица со попреченост СОС Вита – Скопје, со седиште во општина Чаир, како и Центарот за рехабилитација СОС Вита Медика. На средбата со Ертан Шакири,...

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од СУГС „Шаип Јусуф“ и ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ од скопската општина Шуто Оризари. Посетителите имаа...