Претседателката Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

18 ноември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конститутивната седница на Советот за млади, што е формиран како повремено работно тело со цел да ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите во насока на унапредување на нивната положба во општеството.

Во своето обраќање, претседателката оцени дека Советот отвора уште една порта за младите, како можност да се чујат нивните мислења, да критикуваат и советуваат. Потенцирајќи ја стручноста и компентеноста на членовите, таа посочи дека Советот има човечки и творечки потенцијал да придонесе во креирање на младинските политики преку своите активности, идеи и предлози.

Посочувајќи дека сите ние треба да се грижиме за младите и да ја направиме државата пристојно место за живеење, таа ја потенцираше неопходноста да го спречиме егозодусот на младите, со тоа што битката за најумните и најобразованите ќе ја водиме овде.„Само ако ја управуваме сегашноста ќе може да влијаеме на иднината. Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите“, порача претседателката на седницата на Советот.

Претседателката Сиљановска Давкова ги охрабри членовите на Советот отворено да разговараат и дискутираат за проблемите и предизвиците со кои се соочува општеството, да изнаоѓаат креативни решенија и даваат предлози за нивно надминување.

На конститутивната седница беше усвоен Деловникот за работа и беше дискутирано за идните настани и активности.

Претседателката на Советот за млади, Лина Рангелова, изрази очекување дека Советот ќе има суштинска улога и дека заеднички ќе изградат простор каде нивните идеи ќе се претвораат во дела. Членовите се заблагодарија за можноста, укажаната чест и доверба да бидат дел од Советот за млади и изразија подготвеност да придонесат во креирање на квалитетни младински политики.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина....

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. Обете уште еднаш потврдија дека двете земји, како долгогодишни сојузници,...

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан. Навраќајќи се на богатото музичко творештво коешто го имаат зад себе, тие со претседателката ја споделија иницијативата за проектот „7/8 -...

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до...