Средба со претставници на Специјална Олимпијада на Северна Македонија

18 јули 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на Специјална Олимпијада на Северна Македонија кои учествуваа на Светските специјални олимписки игри коишто минатиот месец се одржаа во Берлин.

Претседателот Пендаровски им честиташе на нашите олимпијци за постигнатиот успех и петте освоени медали, од кои еден златен, два сребрени и два бронзени. На олимпијадата во Берлин, атлетичарот Агрон Хајредини во скок во далечина од место освои златен медал, а во истата дисциплина втора беше Јулијана Петровска. Во дисциплината пливање, Стефан Трпковски освои сребрен медал на 100 метри грбно, а Марио Мицковски бронзен медал на трката на 100 метри слободно. Јане Никодиновски освои бронзен медал во бадминтон.

Потенцирајќи дека нивните резултати се наша национална гордост, претседателот Пендаровски им се заблагодари за достојното меѓународно претставување на државата. Истовремено, тој изрази поддршка за активностите и ангажманот на македонската Специјална Олимпијада, којашто вреднувајќи ги спортските квалитети, придонесува за инклузија и за реализација на индивидуалните афинитети на лицата со попреченост и атипичен развој.

На Светските специјални олимписки игри во Берлин учествуваа над 7000 спортисти од 190 земји. Нашата Специјална Олимпијада настапи со 19 атлети со атипичен развој во пет дисциплини: пливање, кошарка, бадминтон, атлетика и пинг-понг.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...