Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими новоименуваните амбасадори на Република Северна Македонија пред заминување во странските држави кадешто ќе ги извршуваат своите дипломатски должности.
На средбата присуствуваа Евгенија Илиева, амбасадор во Словачката Република, Агрон Буџаку, амбасадор во Канада, Дритон Кучи, амбасадор во Кралството Норвешка, Методија Белевски, амбасадор во Кралството Белгија и Агнеза Руси Поповска, амбасадор во Република Бугарија.
Честитајќи им на поставените амбасадори, претседателот Пендаровски изрази очекување за нивна проактивна работа во промовирањето и застапувањето на државните интереси на меѓународен план и им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска должност.