Претседателот Пендаровски во посета на Стопанската комора на северо-западна Македонија

13 февруари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети Стопанската комора на северо-западна Македонија и оствари средба со претседателот на комората, Менди Ќура, со членовите на Управниот одбор, како и со претставници на компаниите – членки на комората.

Во рамки на посетата, пред претседателот Пендаровски за прв пат беше презентиран Економскиот манифест за забрзан развој, документ изработен од органите на комората во соработка со академски институции. Манифестот дава преглед на економските текови на државата од нејзиното осамостојување и овозможува да се идентификуваат досегашните пропусти. Тој, истовремено претставува водич за преземање на натамошни чекори за економски раст и развој, а ги посочува и неопходните реформи за поефикасни институции.

Претседателот Пендаровски ја поздрави изработката на Економскиот манифест, посочувајќи дека е особено важно да се лоцираат приоритетните области во кои треба да се насочи фокусот во следниот период, и ги поддржа напорите на комората за поттикнување на нови инвестиции, нови работни места и одржлив економски раст и развој на државата. Истакнувајќи дека бизнисот бара предвидливост, правна сигурност и извесност, претседателот Пендаровски посочи дека земјата, и во наредниот период, треба да го продолжи патот кон членство во Европската Унија.

Во дискусијата со претставниците на компаниите кои членуваат во комората, беа разменети мислења и за предизвиците и проблемите со кои се соочува бизнис заедницата со оглед на актуелните економски и политички случувања, како и за потребата од поголема вклученост во подготовка на законските решенија коишто директно го засегаат бизнис секторот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...