Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Јелисавета Костадинова, директорката на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, која го информираше за функционирањето и активностите на библиотеката, како и за предизвиците со кои се соочува оваа значајна национална установа.
На средбата стана збор и за следењето на современите библиотечни и информациски текови и учеството на НУБ „Св. Климент Охридски“ во библиотекарството на меѓународно ниво, како и за тековните активности во согласност со современото библиотекарство.
Претседателот Пендаровски ја изрази неговата поддршка за ангажманите и залагањата на вработените во работата на НУБ „Св. Климент Охридски“, како институција која го собира, обработува, штити и чува македонското културно наследство.