Средба на претседателката Сиљановска – Давкова со раководителот на центарот за напредни и постдокторски истражувања при УКИМ, проф. д-р Огнен Марина

10 февруари 2025 | Соопштенија, Средби

 

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска оствари средба со проф. д-р Огнен Марина, раководител на Центарот за напредни и постдокторски истражувања при УКИМ.

Повод за средбата беа активностите на Центарот што функционира од 2023 година и чија основна цел е да ги поттикне напредните истражувања во областа на одржливиот урбан развој преку промоција на интегриран и мултидисциплинарен пристап.

На средбата, проф. д-р Марина го образложи огромното значење на ваквите Центри за квалитетното образование и наука, презентирајќи успешни компаративни искуства од земјите на Европската Унија како и од земји од соседството. „Неспорни се придобивките од ваквите центри и ние треба да ги ползуваме добрите практики“, потенцираше проф. д-р Огнен Марина.

Образложувајќи ги плановите на Центарот, проф. д-р Огнен Марина информираше и за научниот семинар на тема „Политики“ за урбан развој, што треба да се реализира годинава.

Од своја страна претседателката се заблагодари за споделените информации, ја поздрави досегашната работа на Центарот, го потенцираше значењето на постдокторските истражувања и се заложи за понатамошно градење капацитети за поддршка на истражувачите и иновациите.

Соговорниците се согласија дека постдокторските студии треба да бидат регулирани со Законот за високото образование.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со Димитрија Доксевски, директор на „Браќа Манаки“ и Марија Димитрова, претседателка на Друштвото на филмски работници

Сиљановска-Давкова се сретна со Димитрија Доксевски, директор на „Браќа Манаки“ и Марија Димитрова, претседателка на Друштвото на филмски работници

Во пресрет на 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, покровителка на фестивалот, се сретна со директорот Димитрија Доксевски, актер, сценарист и продуцент и со Марија Димитрова,...

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со казахстанскиот амбасадор Сатибалди Буршаков

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со казахстанскиот амбасадор Сатибалди Буршаков

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков. Во разговорот беше оценето дека односите меѓу двете земји во изминатиот период добија нова динамика, со активен политички дијалог и...

Јордан Плевнеш, Раде Силјан, Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски одликувани со Орден „8 Септември“

Јордан Плевнеш, Раде Силјан, Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски одликувани со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска, на Денот на македонската независност, ги одликуваше со Орден „8 Септември“ Јордан Плевнеш и Раде Силјан, и постхумно: Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски. Јордан...

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев по повод Денот на независноста

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното...

Честитка од претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември – Денот на македонската независност

Честитка од претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември – Денот на македонската независност

Почитувани граѓани, Пред  35 години го доживеавме нашиот трет Илинден, зората во која вековниот сон за слободна и независна македонска држава конечно стана реалност. Со историскиот референдум од 8 септември 1991 година, ние, македонските граѓани, го заокруживме делото...