Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Турција, Фуат Октај

29 јануари 2025 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими претседателот на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Турција, Фуат Октај.

Таа уште еднаш изрази сочувство за пожарот што се случи во скијачкиот центар Карталкаја. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на меѓусебното разбирање и помош во тешките мигови.

Средбата го потврди цврстото македонско-турско пријателство. Беше констатирано дека турската заедница во земјава е нераскинлив дел од македонското општество и дека граѓаните од македонско потекло во Турција се мост за зближување меѓу двете земји. Претседателката уште еднаш ги истакна нејзините блиски релации со Турција врзани за личното, професионалното и пратеничкото искуство.

Соговорниците го потенцираа значењето на стратешкото партнерство за севкупните меѓусебни односи, а особено за одбраната и безбедноста. Тие се согласија дека улогата на турската заедница е особено важна во македонското мултикултурно општество.

Исто така, изразија очекување за поголеми инвестиции и зголемена трговска размена.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Турција, Фуат Октај укажа на потребата да се подобрат условите за живот во средините со мнозинско турско население со посебен акцент на инфраструктурата. Исто така, тој ја пренесе желбата на неговите сонародници за почести средби со претседателката.

Претседателката го поддржа турскиот предлог за воспоставување на Висок совет за стратешка соработка меѓу двете држави како гаранција за продлабочување на стратешкото партнерство. Во советот обајцата гледаат правна и институционална рамка за динамизирање на севкупната меѓусебна соработка.

Г. Фуат Октај укажа на големиот интерес на бројни турски граѓани со македонско потекло за побрзо добивање на македонско државјанство. Исто така, во областа на туризмот тие гледаат отворен простор за поголема соработка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на...

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Нивните имиња се трајно врежани во македонската колективна меморија: Александар Алексов Сара Алексова Стефанија Алексова Ице Андонов Ивона Антова Мартин Атанасовски Владимир Блажев-Панчо Тоше Богданов Ѓорѓи Василков Иван Величков Ѓорѓи Величков Леонид Велков Игор...

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, што се одржа денеска во Скопје во организација на Владата. Според претседателката,...