Средба на претседателот Пендаровски со Саит Саити, Генерален секретар на Црвениот крст

2 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Саит Саити, Генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, со кого разговараше за тековните активности на Црвениот крст, вклучувајќи ја волонтерската работа, како и соработката со Кабинетот на претседателот.

Генералниот секретар Саити посочи дека волонтерските активности на Црвениот крст во последната деценија бележат позитивен развој и информираше дека во изминативе две години Црвениот крст во однос на волонтерската работа се фокусираше за поддршка на ранливите групи на граѓани кои беа најтешко погодени со пандемијата на Ковид-19.

Претседателот Пендаровски истакна дека Црвениот крст, како една од најголемите и најзначајните волонтерски организации, успешно ја промовира волонтерската работа нудејќи им можност на сите заинтересирани граѓани да бидат дел од активности корисни за заедницата. Претседателот даде поддршка за ангажманот на волонтерите во работата на Црвениот крст и изрази благодарност за нивната пожртвуваност, одговорност и посветеност во извршувањето на нивните ангажмани и хуманитарни активности.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...