Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот на Финска, Кимо Лахдевирта

28 март 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими нерезидентниот амбасадор на Република Финска за Република Северна Македонија, Кимо Лахдевирта, на која беа разменети мислења за билатералните односи, можностите за унапредување на соработката, како и за војната во Украина и безбедносната состојба во Европа.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната поддршка од Финска во однос на македонските евроинтеграции, потенцирајќи дека кредибилната политика на проширување и европската перспектива се важна гаранција и инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот.

Во однос на руската агресија, претседателот го реафирмираше ставот дека Република Северна Македонија најостро го осудува неоправданиот вооружен напад врз Украина, како напад врз целокупниот меѓународниот поредок.

На средбата беа разменети мислења за активностите кои се преземаат во контекст на бегалската криза и обезбедувањето на поддршка и помош на украинските граѓани, како и за актуелната состојба во скандинавскиот регион и во Финска, како непосреден сосед на Русија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....