Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Дендиас

31 август 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Никос Дендиас, министер за надворешни работи на Република Грција, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

Во текот на разговорот претседателот Пендаровски и министерот Дендиас разменија мислења за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, состојбите во регионот, како и за актуелните случувања и состојби во Авганистан.

Двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката на политичкиот дијалог меѓу двете држави во изминатиот период, а во овој контекст, претседателот Пендаровски најави дека во тек се подготовките за првата официјална посета на Грција, предвидена за наредниот месец.  Претседателот Пендаровски изрази очекување дека истата ќе придонесе кон уште подинамичен дијалог и кон дополнително унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

Истовремено, осврнувајќи се на билатералните односи, претседателот Пендаровски изрази задоволство од нивото на економската соработка меѓу двете држави која бележи значителен напредок, при што оцени дека потпишувањето на Договорот од Преспа не само што ги нормализираше политичките односи, туку позитивно влијае и врз севкупните економски односи меѓу двете држави.

Во контекст на имплементацијата на Договорот од Преспа, претседателот Пендаровски посочи дека е неопходно негово натамошно имплементирање, како и ангажман од двете страни, за да се обезбеди брзо и непречено продолжување на работата на воспоставените тела со Договорот.

Покрај ова, во текот на разговорот двајцата соговорници разменија мислења и информации за процесот на македонската евроинтеграција, при што, искажувајќи благодарност за грчката поддршка на тој план, претседателот Пендаровски посочи дека усвојувањето на рамката за преговори останува наш приоритет.

На средбата, претседателот Пендаровски се заблагодари и за грчката донација од 20.000 вакцини против Ковид-19, како и за укажаната помош во справувањето со пожарите во Гевгелија на почетокот на овој месец.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...