Средба на претседателот Пендаровски со холандскиот премиер Руте

10 ноември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски приреди работна вечера во чест на холандскиот премиер Марк Руте, кој престојува во еднодневна посета на Северна Македонија.

Соговорниците разменија мислења за успешната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Холандија, перспективите на земјата во однос на евроинтеграцискиот процес, како и за актуелните случувања во земјава и регионот.

Притоа, претседателот Пендаровски изрази задоволство од интензивирањето на политичкиот дијалог меѓу двете држави во изминатиот период, посочувајќи дека Холандија е наш важен партнер и докажан поддржувач на нашите напори за интеграција во ЕУ.

Во таа насока, Претседателот се заблагодари за принципиелната поддршка од страна на Холандија за почеток на пристапни преговори за членство во Европската Унија, потенцирајќи дека Северна Македонија е посветена на реформската агенда и добрососедските односи во насока на неодложен почеток на преговорите со ЕУ.

„Веродостоен  тест за кредибилноста на процесот на проширувањето се претстојните совети на Европската Унија во декември и можноста Северна Македонија да направи исчекор на патот кон ЕУ. Поддршката за деблокада на нашите евроинтеграции е од исклучителна важност за стабилноста и просперитот на целиот регион и дополнителен поттик на реформските процеси“, посочи претседателот Пендаровски.

Во однос на тековните состојби во областа на демократијата, владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и незвисното судство, Претседателот изрази очекување дека холандската Влада ќе продолжи да придонесува за зајакнување на Северна Македонија како силна европска демократија, со слободно општество и слободна пазарна економија. Во таа насока, беше истaкнато значењето на Декларацијата за партнерство и соработка потпишана помеѓу двете земји, како солидна основа за продлабочување на билатералните врски и натамошно континуирано и посветено спроведување на европските стандарди.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните политички случувања во регионот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...