Средба на претседателот Пендаровски со Карен Донфрид, американска помошник државна секретарка за европски и евроазиски прашања

28 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими  Карен Донфрид, помошник државна секретарка за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.

Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, актуелните случувања во земјата и текот на реформските процеси, како и надворешно – политичките приоритети на Северна Македонија низ призмата на актуелните случувања во регионот и Европа.

Претседателот Пендаровски посочи дека посетата на Донфрид на Западен Балкан, е потврда за силната американска поддршка за регионалната стабилност и за важноста од понатамошна консолидација на демократските процеси во регионот.

Исто така, претседателот истакна дека Северна Македонија е подготвена да придонесе за понатамошен развој на билатералните односи и зајакнување на стратешкото партнерство со САД. Остануваме цврсто посветени на спроведување на реформите за борба против организираниот криминал и корупцијата, и во таа насока особено ја цениме американската поддршка, додаде претседателот Пендаровски. Tој го поздрави билатералниот стратешки дијалог со САД како позитивен импулс во меѓусебните односи за унапредување на соработката во областа на одбраната, безбедноста, владеењето на правото, економијата, енергетиката и климатските промени.

На средбата соговорниците дискутираа и за политичката динамика и економската ситуација во Европа, предизвикана од руската инвазија врз Украина, при што претседателот Пендаровски ги потенцираше преземените мерки од страна на Северна Македонија како земја-членка на НАТО и го реафирмираше ставот за целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Осврнувајќи се на безбедносните случувања и последиците врз Балканот, претседателот алармираше на важноста за деблокада на македонските евроинтеграции и изнаоѓање на конструктивно решение за недоразбирањата со Бугарија.

Со оглед на актуелните случувања во Украина и на европскиот континент, претседателот додаде дека неопходно е преговорите за членство во ЕУ да започнат што побрзо, поради ризикот од поткопување на поддршката за европската интеграција и забавување на темпото на реформските процеси како владеење на правото, реформи во судството и борба против корупцијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...