Средба на претседателот Пендаровски со Калид бин Мохамед Ал Атија, заменик премиер и министер за одбрана на Катар

17 март 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими заменик премиерот и министер за одбрана на Државата Катар, Калид бин Мохамед Ал Атија.

На средбата беше изразено задоволство од позитивниот тренд во развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу двете земји, и беа разгледани можностите за интензивирање на одбранбената соработка со Катар.

Претседателот Пендаровски ја поздрави конструктивната политика на Катар во одржување на регионалната стабилност и нивната улога за унапредување на глобалната безбедност, и изрази поддршка за активностите кои ги презема Катар во рамки на Истанбулската иницијатива за соработка.

Притоа, претседателот се заблагодари за укажаната поддршка од Катар, при евакуацијата на македонските граѓани од Авганистан, како и за демонстрираната солидарност и помош за справување со пандемијата на Ковид-19.

Во контекст на одбраната, беа презентирани можностите за продлабочување на соработката преку спроведување заеднички воени обуки и инвестиции во инфраструктурни проекти, при што беше изразена подготвеност за унапредување на соработката во борбата против глобалните закани, тероризмот, кибер одбраната, справување со хибридни напади и лажни вести.

Соговорниците укажаа дека од клучен интерес за развојот на билатералните односи, искористување на економските потенцијали во целост и реализација на конкретни проекти, е натамошно унапредување на правната рамка меѓу двете земји.

На средбата беа разменети мислења за развојот на настаните во двата региона,  за актуелните случувања во Украина и безбедносната состојба на  европскиот континент.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...