Средба на претседателот Стево Пендаровски со австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер

30 март 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Каролине Едштадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, во рамките на нејзината посета на Република Северна Македонија.

Во контекст на австриската поддршка за евроинтегративните процеси на земјата и регионот, претседателот Пендаровски и министерката Едштадлер укажаа на итната потреба од ефектуирање на безусловната одлука од март 2020 год. на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на преговарачкиот процес, особено по последните случувања во поширокото соседство и геополитичките и безбедносни предизвици врз европскиот континент предизвикани од руската воена инвазија врз Украина.

Претседателот Пендаровски истакна дека Австрија како докажан пријател на регионот, има суштинска улога во приоритетизирањето на прашањето за политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан и токму со оваа посета на министерката за Европа, во моментот кога во фокусот на ЕУ е друг регион од континентот, се валидира ургентноста на нашето европско досие.

Во таа смисла, претседателот Пендаровски се заблагодари за реафирмирањето на австриската позиција, за европската перспектива на Северна Македонија, како и ставот дека секое одлагање на меѓувладината конференција со ЕУ, може да биде сигнал за други сили кои работат спротивно на европските вредности. Покрај ова, претседателот Пендаровски порача дека секое натамошно одложување на почетокот на преговорите, придонесува за растот на евроскептицизмот во земјата и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни.

На средбата беа разменети мислења и за статусот на преговорите со Бугарија и можните изгледи за деблокада на нашиот европски пат. Соговорниците се согласија дека наметнатите предизвици не смеат да бидат дел од преговарачката рамка и дека стратешката геополитичка улога на Унијата, особено потребна денес, мора да кореспондира со иднината и визијата на регионот, за што пак, историјата не смее да биде пречка.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...