Претседателот Пендаровски прими претставници на Програмскиот колегиум на МКЦ

23 јануари 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Програмскиот колегиум на Младински културен центар – МКЦ.

Претставниците на Програмскиот колегиум го запознаа претседателот Пендаровски со последните случувања во Младинскиот културен центар. Тие појаснија дека со доделениот буџет од Градот Скопје за 2023 година ќе се нанесе непоправлива штета на институцијата и дека со тоа целосно ќе се загрози програмското функционирање на МКЦ, како и функционирањето на ансамблите кои делуваат во установата и фестивалите со долгогодишна традиција.

Претставниците на Програмскиот колегиум од МКЦ информираа и за процесот за назначувањето на в.д. директор во институцијата, кое според нив се случило со намерно заобиколување на пропишаните законски процедури и побараа поддршка од Претседателот за нивното барање – законски и отворен конкурс за директор на МКЦ.

Претседателот Пендаровски посочи дека треба што поскоро да се најде решение за овие предизвици во рамки на законските процедури и регулативи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски го прими Стефан Дион, специјален пратеник на Канада за ЕУ и Европа

Претседателот Пендаровски го прими Стефан Дион, специјален пратеник на Канада за ЕУ и Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Стефан Дион, специјалниот пратеник на Канада за Европската Унија и Европа. На средбата беа потврдени пријателството и добрите билатерални врски меѓу Северна Македонија и Канада. ...

Претседателот Пендаровски и претседателката Новак во посета на МладиХаб

Претседателот Пендаровски и претседателката Новак во посета на МладиХаб

Претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Унгарија, Каталин Новак, којашто престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, ја посетија канцеларијата на Претседателот МладиХаб, каде остварија средба со претставници на Здружението на студенти...

Сопругата на претседателот учествуваше на панел дискусијата “Пристап до третман и до услуги за рано детектирање”

Сопругата на претседателот учествуваше на панел дискусијата “Пристап до третман и до услуги за рано детектирање”

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, учествуваше на панел дискусијата "Пристап до третман и до услуги за рано детектирање" по повод одбележувањето на 4-ти февруари, Светски ден на борба против ракот, што се одржа во Europe House, Скопје. Панел дискусијата...

Претседателот Пендаровски и претседателката Новак положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателката Новак положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Унгарија, Каталин Новак на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателката Новак положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје....

Претседателот Пендаровски изрази сочувство по повод земјотресите во Туркије

Претседателот Пендаровски изрази сочувство по повод земјотресите во Туркије

Претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференцијата со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, изрази сочувство по повод силните земјотреси кои ја погодија Република Туркије. „Сега добивме информација дека има втор земјотрес, многу жртви и ужасна...