Претседателот Пендаровски прими делегација од Организацијата на резервни офицери на Северна Македонија

27 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија (ОРОРСМ) по повод 70 годишниот јубилеј од формирањето на Организацијата.

На средбата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности и задачи на Организацијата, за нивната улога во одбраната и безбедноста, како и за соработката што ја остваруваат со надлежните институции на Северна Македонија и со сродни здруженија од земји-членки на НАТО. Претставниците од ОРОРСМ го информираа претседателот за нивната меѓународна активност, како членка на средноевропската платформа ГАМИНГЕР иницијатива и асоцијативна членка на Меѓусојузничката конфедерација на резервните офицери (ЦИОР). Воедно, ги претставија и планираните програмски активности со цел одбележување на 70 годишнината од нивното формирање.

Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Организацијата на резервни офицери и понатаму успешно ќе ги извршува доверените задачи во одбранбениот систем, преку подготовки и практично обучување на членството во функција на одбрана, заштита и спасување, со што ќе продолжи да придонесува во афирмација на воената професија.

Претседателот упати честитки по повод 70 годишниот јубилеј од формирањето на Организацијата на резервни офицери и им посака успех на претстојниот состанок на ГАМИНГЕР иницијативата, чии домаќини ќе бидат идната година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...