Средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер со млади од Претседателскиот центар за политичко образование

30 ноември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска во Старата чаршија во Скопје остварија средба со Алумни членови на Претседателскиот центар за политичко образование и стипендисти на партнерските организации на центарот, на која се дискутираше за перспективите на младите во Северна Македонија и за процесот на европска интеграција на регионот.

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер со младите разменија мислења за актуелните прашања во Европа и регионот, за европските перспективи на земјите од Западен Балкан, евроинтеграциите на Северна Македонија, предизвиците на младите, растечкиот евроскептицизам и принципот на консензус во однос на проширувањето на ЕУ, справувањето со одливот на мозоци, обезбедувањето на перспективи за младите.

Претседателот Штајнмајер ги поздрави активностите на Претседателскиот центар за политичко образование и истакна дека му претставува задоволство да ги слушне ставовите на младите од Северна Македонија, нивните размислувања за Европската Унија, како и нивните очекувања од Германија.

Во дискусијата, двајцата претседатели посочија дека една од обврските на политичарите е да овозможат услови и да го поттикнат економски развој и раст на државите, со цел младите да имаат перспектива во нивните земји.

Претседателски центар за политичко образование е формиран со одлука на претседателот Стево Пендаровски во насока на заложбите за јакнење на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност. Во рамки на ПЦПО се одржува Школата за политики, а партнери на проектот се Фондацијата „Фридрих Еберт”, Фондацијата за демократија на Вестминстер, Фондацијата „Конрад Аденауер”, Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Фондацијата „МК2025”.

Претходно, двајцата претседатели остварија прошетка низ Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од градот и симбол на нашето мултиетничко општество.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...