Претседателот Пендаровски во посета на Штип и Свети Николе во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

21 февруари 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги посети општините Штип и Свети Николе во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

Во Штип, претседателот Пендаровски оствари средба со Мартин Алексов, сопственик на компанијата MOONLEX за производство на заштитни респираторни маски со фокус на FFP2 и FFP3 кои освен во справувањето со вируси, наоѓаат примена во борбата со загадувањето и во индустријата.

На средбата, претседателот Пендаровски беше информиран за основањето на компанијата, во 2021 година, како одговор на потребата за производство на сертифицирани маски за заштита од пандемијата на Ковид 19, во согласност со европските стандарди.

За време на посетата на оваа примарно извозно ориентирана компанија, претседателот Пендаровски беше запознат со автоматизираните и климатски неутрални производствени процеси, со тековните развојни стратегии и идните бизнис планови.

Во Домот на култура „Крсте Петков Мисирков“ – Свети Николе, претседателот Пендаровски оствари средба со маестро Кирил Трајковски, успешен педагог, диригент и композитор, автор на циклусот „Под источно небо“ – 10 суити за мандолински оркестар и на химната на градот.

Со маестро Трајковски разговараа за неговиот повеќе од 5 децениски ангажман основајќи низа жичани и вокални состави и оркестри со што дал значаен придонес за афирмацијата на македонската музичка култура и уметност.

Претседателот Пендаровски имаше можност да проследи настап на Градскиот мандолински оркестар „Свети Никола” кој изведе композиции – филмска евергрин музика – „Love story“ и „Monja“ во аранжман на маестро Трајковски.

Во Свети Николе претседателот Пендаровски го посети ООУ „Кирил и Методиј“ и присуствуваше на училишен час оддржан од одделенскиот наставник Иле Михајловски, чија безмалку 3 децениска кариера е одбележана со хуманитарни активности и значаен придонес во инклузијата на ученици со атипичен развој.

Со Михајловски, претседателот разговараше за важноста од посветениот и одговорен пристап во образовниот процес, како законска, но и благородна обврска за овозможување развој на потенцијалите на сите ученици. Во таа насока беше нагласена и неопходноста од сензибилизирање на општеството во однос на потребите на учениците со различен развоен процес.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во...

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија....

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот...

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Сопругата на претседателот г-а Елизабета Ѓоргиевска, која престојуваше во Њујорк во придружба на претседателот при неговото учество на 78. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, оствари повеќе средби и активности. Г-а Ѓоргиевска оствари средба со Диен...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави дека од Русија зависи дали ќе има примирје во Украина. Тој посочи дека руската делегација се оглушува на сите барања на цивилизираниот и демократскиот свет.  ...