Средба со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

26 октомври 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во регионот, како и за влијанието на руската инвазија врз Украина по стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава особено значење на развојот на билатералните односи со Обединетото Кралство и има постојан интерес за зајакнување на соработката меѓу двете држави во повеќе сфери од заемен интерес.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за најновата британска донација што вклучува 14 мобилни единици за обука на припадниците на Армијата во урбана средина, што денеска ќе биде примопредадена на полигонот „Криволак“, оценувајќи ја како уште една потврда на силното сојузништво на двете држави – членки на НАТО алијансата.

На средбата беа разменети мислења во врска со почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....