Средба на претседателот Пендаровски со студенти на ФИНКИ, креатори на алатката за рекламирање „Ховитцер“

19 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во рамки на проектот „Лице в Лице“, оствари средба со студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, кои ја создадоа маректинг-алатката за рекламирање „Ховитцер“ (Howitzer) на американската социјална мрежа „Редит“ (Reddit).

Младите информатичари го запознаа претседателот Пендаровски со нивната иновација, начинот на кој дошле до продуктот и со постигнатите резултати, потенцирајќи дека таргет им е глобалниот пазар.

Претседателот Пендаровски им честита за иновацијата, посочувајќи дека оваа алатка не претставува само нивни личен успех, туку истовремено придонесува за афирмација на нашата држава.

На средбата претседателот истакна дека со нивното знаење, ентузијазам, тимска работа и упорност, ја реализирале нивната идеја, создавајќи успешен продукт препознаен на глобалниот пазар. Според претседателот Пендаровски ваквите успеси се најголема мотивација за младите да ги развиваат своите ИТ вештини и да се посветат на науката и иновациите, а во услови на глобална дигитализација, поддршката на иновациите во ИКТ секторот се од огромно значање за севкупниот економски развој на државата.

Главни корисници на оваа маркетинг-алатка се претприемачите и компаниите во рана фаза, растечките маркетари и креаторите на крипто проекти. Нивниот продукт успеал да стигне до 2.000 долари месечен прилив по еден месец од лансирањето, а по само пет месеци ја добиле најголемата странска иницијална инвестиција за софтверска компанија во Северна Македонија досега – 500.000 долари.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со учесници на 13-от конгрес на стоматолошки комори од регионот

Средба со учесници на 13-от конгрес на стоматолошки комори од регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Стоматолошката комора на Република Северна Македонија, како и партнерските комори, по повод 13-от конгрес на нови технологии. Делегацијата предводена од претседателот на Комората, д-р Маријан Денковски го...

Посета на ученици од СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ во рамки на Отворен Кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“. Посетителите имаа можност да се сретнат и да разговараат со претседателот Пендаровски за неговата работа и надлежностите, за...

Обраќање на Елизабета Ѓоргиевска на конференцијата за здравство „Подобрување на пристапот до лекови за сите“

Обраќање на Елизабета Ѓоргиевска на конференцијата за здравство „Подобрување на пристапот до лекови за сите“

  Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на првата конференција за здравство „Подобрување на пристапот до лекови за сите“, во организација на Американската стопанска комора на Северна Македонија. Еднодневната конференција...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. [gallery...

Ѓоргиевска: Наша заедничка должност е да креираме патоказ по кој без страв и чувство на помала вредност за себеси ќе чекорат нашите деца и млади

Ѓоргиевска: Наша заедничка должност е да креираме патоказ по кој без страв и чувство на помала вредност за себеси ќе чекорат нашите деца и млади

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настан по повод 20 години од меѓународната студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата од училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Република Северна Македонија“ што се одржа под нејзино...