Обраќање на Елизабета Ѓоргиевска на Втор самит на првите дами и господа на тема „Украина и светот: Иднината која (повторно) ја градиме заеднички“

24 јули 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска преку видео порака се обрати на Вториот самит на првите дами и господа на тема „Украина и светот: Иднината која (повторно) ја градиме заеднички“, што се одржува во Киев во хибриден формат.

Во продолжение е интегралното обраќањето на Елизабета Ѓоргиевска.

Почитувана г-ѓа Зеленска,
Почитувани пријатели,

Ви благодарам за можноста да се обратам на овој Самит на кој размислуваме за тоа како повторно да ја изградиме иднината заедно, по разорувачката руска агресија врз Украина.

Образованието е основно право на секое дете. Влог во иднината на земјата; ги извлекува луѓето од сиромаштија, ги порамнува нееднаквостите и обезбедува одржлив развој. Сепак, кога и да дојде до војна или конфликт, секогаш најмногу страдаат децата.

Војната наметната над Украина остави речиси две третини од украинските деца надвор од нивните домови, исплашени, во шок и во очајна потрага по безбедност. Многу од нив страдаат од социјално растројство и проблеми со менталното здравје. Ваквите трауми кај семејствата и децата ќе имаат долгорочни последици врз идните генерации.

Обновувањето на образованието е многу важно за на децата да им се помогне да заздрават и да се чувствуваат безбедни. На децата кои останаа во Украина, како и оние кои се бегалци во други земји мора да им се овозможи континуирано учење, како и психо-социјална и поддршка на менталното здравје.

Овозможувањето на настава за децата во училиште не претставува само законска обврска, туку и морална должност и основно право.

Она што треба да го направиме е да се окрупнат и споделат ресурсите за да се обнови украинскиот образован систем и да се даде поддршка на образовните иницијативи, со цел децата да се стекнат со образование.

Со пречекот на деца кои избегале од Украина, ние во Северна Македонија им овозможивме и настава. Успешната интеграција во училиштата може да им помогне на децата да ги надминат травматските искуства и да се почувствуваат достоинствено, почитувано и прифатено.

Оттука, треба да продолжиме да го поддржуваме запишувањето на украинските деца во училиштата. Свесна сум дека образованието е само еден сегмент од безбедноста на децата. Затоа, не смееме да заборавиме на потребите на децата за здравствени и социјални услуги, вклучително и градинки, како и потребите на возрасните за пристап до вработување, здравствени и социјални услуги. Во овие тешки времиња, не смееме да заборавиме на овие должности и сите заедно треба да работиме на справувањето со овие предизвици со заеднички напори.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...